Економија Народна банка

Објавен повик за пријавување трудови за 53-та сесија на Клубот на истражувачите

Зачленувањето во Клубот на истражувачите е од отворен карактер.

Објавен повик за пријавување трудови за 53-та сесија на Клубот на истражувачите

Народната банка објавува повик за пријавување трудови за 53. сесија на Клубот на истражувачите, којашто ќе се одржи на 19 декември 2024 година (четврток), со почеток во 14:00 часот, во просториите на Народната банка. Заинтересираните истражувачи може да се пријават со доставување на материјалот на е-адресата: [email protected], најдоцна до 10 декември 2024 година (вторник).

Трудовите треба да бидат изработени согласно со трендовите и стандардите на современите истражувања, што подразбира емпириска анализа, како и систематизирани заклучоци од истражувањето.

На сесиите на Клубот како платформа за дискусија и размена на стручни мислења, може да се презентираат резултати и сознанија и од истражување/труд во работна верзија.

Клубот на истражувачите на Народната банка е отворена платформа за презентација и дискусија на научноистражувачки трудови, особено во доменот на монетарната политика и макроекономијата.

Зачленувањето во Клубот на истражувачите е од отворен карактер.

To top