Економија владата се пофали

Над 4.800 нови работни места во ТИРЗ за три години, во октомври рекордно 17.769 вработени граѓани

Бројот на вработени во ТИРЗ продолжува да расте

Над 4.800 нови работни места во ТИРЗ за три години, во октомври рекордно 17.769 вработени граѓани

Бројот на вработени во ТИРЗ продолжува да расте. Заклучно со октомври во компаниите во ТИРЗ бројот на вработени се искачи на 17.769 што е за 10% повеќе од истиот период лани. Најновата анализата на Дирекцијата покажува дека споредено со истиот период во 2021 година имаме раст од 28%, а споредено со 2020 година, има пораст од над 32%. Според анализата, за три години, споредено со просечниот број на вработени во 2020 до сега над 4.800 наши сограѓани добиле нови работни места во Зоните.

Дополнително, извозот во октомври ја надмина границата од 3 милијарди и 100 милиони евра, што е на исто ниво споредено со минатата година, но за 25% повеќе споредено со првите десет месеци од 2021, односно за 50% повеќе споредено со истиот период во 2020 година. Само во октомври компаниите во ТИРЗ достигнале извоз од речиси 300 милиони евра.

Компаниите во ТИРЗ од почетокот на годинава до сега оствариле увоз од над 2 милијарди и 500 евра. Тоа е на речиси исто ниво, споредено со истиот период лани, односно за 5% повеќе во однос на 2021, и за 50% во однос на 2020.

Поради ваквите економски движења, нето извозот заклучно со октомври е во позитива и изнесува 21%, што е за 10% споредено со истиот период лани.

Се очекува ваквиот позитивен тренд на раст да продолжи до крајот на годинава поради зголемениот обем на склучени договори за инвестиции. Само годинава се склучени договори во вредност од 350 милиони евра каде веќе се реализираат дел од планираните 6.000 нови работни места.

За Владата, ова е уште една потврда дека нудиме стабилен деловен амбиент, и пред сѐ предвидлив за компаниите да може да ги реализираат своите долгогодишни планови. Сѐ ова е резултат на новиот концепт на Владата и ТИРЗ за привлекување на странски инвестиции за што секој потенцијален инвеститор задолжително доставува 10 годишен инвестициски план врз база на кој се проценува капацитетот на компанијата и инвестицијата и се подготвува индивидуализиран пакет за учество на државата во инвестицијата.

Најнови вести од Економија

To top