Економија

Министерство за економија и труд објави јавни повици за финансиска поддршка

Министерство за економија и труд објави јавни повици за финансиска поддршка на микро, мали и средни претпријатија, занаетчии и компании од преработувачката индустрија

Министерство за економија и труд објави јавни повици за финансиска поддршка

Министерството за економија и труд објави четири јавни повици за финансиска поддршка на деловните субјекти, со цел поттикнување на претприемништвото, зголемување на конкурентноста и унапредување на стандардите за квалитет кај микро, малите и средните претпријатија, како и кај занаетчиите. Повиците се дел од реализацијата на Програмата за развој на претприемништвото и конкурентноста на малите и средните претпријатија за 2025 година, како и од Програмата за поддршка на конкурентноста на преработувачката индустрија и општествена одговорност за 2025 година. Објавени се следниве повици:

1.Јавниот повик за надоместување на дел од трошоците на МСП за сертификација на системи за квалитет според ИСО стандарди.

Предмет на јавниот повик е кофинансирање на 40% од докажаните трошоци, но не повеќе од 150.000 денари поединечно за секој апликант, за сертификација на системи за квалитет според ИСО стандарди Вкупно предвидени средства: 1.500.000 денари. Трошоците мора да бидат настанати во 2024 и 2025 година. Право на учество имаат микро, мали и средни претпријатија од секторите C/B – Преработувачка индустрија (10-33.20), кои ги исполнуваат критериумите за активност, финансиска состојба и законска усогласеност. Рок за аплицирање: до 30.06.2025 Ако има повеќе барања од расположливите средства, износите ќе се намалат пропорционално.

2.Јавниот повик за надоместување на дел од трошоците на МСП за сертификација на ХАЛАЛ систем.

Кофинансирање на 40% од трошоците за сертификација на ХАЛАЛ систем, но не повеќе од 150.000 денари по апликант. Вкупно предвидени средства: 1.500.000 денари. Се покриваат трошоци направени во 2024 и 2025 година. Право на учество имаат микро, мали и средни претпријатија од секторот C/B – Преработувачка индустрија (10-33.20), кои ги исполнуваат условите наведени во повикот. Рок за аплицирање: до 30.06.2025 При надминат буџет, средствата се намалуваат рамномерно.

3.Јавен повик за субвенционирање на занаетчии за 2025 година

Кофинансирање на 40% од трошоците за набавка на машини, алати и дизајн на нов производ, но не повеќе од 120.000 денари по барател. Вкупно предвидени средства: 3.000.000 денари Трошоците мора да се направени во 2024 и 2025 година. Право на учество имаат занаетчии и вршители на занаетчиска дејност регистрирани согласно Законот за занаетчиство, со позитивен резултат за 2024 и исполнети сите останати услови. Не се прифаќаат апликации од паушалци. Рок за аплицирање: до 30.06.202Регионите со понизок БДП добиваат дополнителна поддршка.

4 Јавен повик за надоместување на дел од трошоците на деловните субјекти
за развој на деловен субјект, производ и пазар

Кофинансирање на 50% од трошоците, но не повеќе од 500.000 денари по барател, за активности поврзани со:
-развој на деловен субјект
-развој на производ
-развој на пазар
Вкупно предвидени средства: 5.000.000 денари Се покриваат трошоци направени во 2024 и 2025 година. Право на учество имаат претпријатија од Преработувачката индустрија, со минимум 5 вработени на неопределено време. Еден барател може да аплицира за една активност. Рок за аплицирање: 18.07.2025 година Средствата се доделуваат по принципот „прв дојден – прв услужен“ до исцрпување на буџетот. Роковите за аплицирање се до 18.07.2025 година, или до исцрпување на буџетот (прв дојден – прв услужен)

Најнови вести од Економија

To top