Економија еко активисти

Колку „еко активистите“ помогнаа да се лиши западната конкуренција на Солвеј во Македонија?!

Регионот на Западен Балкан продолжува да е под засилено руско влијание. Ова го потврдија и високи американски претставници по објавувањето на новите имиња од регионот што се најдоа на т.н. црна листа. Според потсекретарот за тероризам и финансиско разузнавање на САД, Брајан Нелсон, Русија и понатаму го користи своето влијание на Западен Балкан за да ја спречи интеграцијата на земјите во меѓународните институции и организации, како и да ги олесни своите „агресивни дестабилизирачки активности“.

Колку „еко активистите“ помогнаа да се лиши западната конкуренција на Солвеј во Македонија?!

Регионот на Западен Балкан продолжува да е под засилено руско влијание. Ова го потврдија и високи американски претставници по објавувањето на новите имиња од регионот што се најдоа на т.н. црна листа. Според потсекретарот за тероризам и финансиско разузнавање на САД, Брајан Нелсон, Русија и понатаму го користи своето влијание на Западен Балкан за да ја спречи интеграцијата на земјите во меѓународните институции и организации, како и да ги олесни своите „агресивни дестабилизирачки активности“.

Слични ставови од Скопје минатата недела сподели и помошник државниот секретар за одбрана на САД, Селест Валандер.

Русија, како и организациите кои ги поддржува, постојано се трудат да најдат разлики во политичките ставови во земјите од Западен Балкан, со цел да создадат судир што Русија би можела да го искористи, без оглед дали станува збор за дејства или активности кои се непосредно опасни за граѓаните на земјите или преку создавање на политичко влијание кое што Русија би можела да го искористи, рече Валандер.

Овие тврдења на американската администрација ги поткрепуваат написите на дел од руските истражувачки сајтови. Меѓу нив е и „Инсајдер“, во чија анализа пишува дека „Кремљ долго време се подготвува да добие контрола над Македонија – користејќи ја дипломатијата, активностите на специјалните служби, преку контрола на националистичките групи и со економско влијание“.

„Руската надворешна политика во регионот, која е главно насочена кон поткопување на проектите на Западот за интеграција и кон дискредитација на демократијата во последните години, е надополнета и со напорите на Москва да го прошири економското влијание“, пишува руски Инсајдер.

Тука директно се споменува улогата на компанијата „Солвеј“, која е сопственик на рудникот Бучим во Радовиш, а претходно го поседуваше и рудникот Саса. Од фирмата неколкупати повторуваат дека немаат никаква руска поврзаност и дека станува збор за компанија основана во Швајцарија. Сепак, „Солвеј“ беше директно спомената од поранешниот амбасадор на Русија во Македонија, Олег Шчербак, како руска инвестиција.

„Друг активен играч на овој пазар е швајцарско-руската рударска компанија Solway Group на Александар Бронштајн. Ова е голем индустриски холдинг, а неговите активности вклучуваат производство на злато и финансиско инвестирање. Компанијата вработува повеќе од 10.000 луѓе во нејзините капацитети ширум светот. Милионерот Александар Бронштајн, откако собра капитал од рускиот алуминиум, почна да инвестира во бизнисот со феролегури ширум светот. Неговиот главен интерес се средствата во земји ’со тешки економски и политички ситуации’ – во Украина, Македонија, Индонезија, Гватемала“, се вели во анализата.

Во неа се додава дека е симптоматично запирањето на западните инвестиции во рударскиот сектор во Македонија. Во овој контекст директно се посочуваат и имињата на активистите Крум Велков и Ангел Наков.

„Исто така, љубопитно е што почнаа да им се одземаат лиценците на конкурентите на Солвеј под притисок на локалните еколошки активисти. Еден од најактивните на ова поле беше Крум Велков, кој е отворен промотор на руските интереси во Македонија. Велков и неговиот соработник Ангел Наков водат кампања против западните рударски компании како канадската Reservoir Minerals или украинско-британската Sardich. Тој ги поддржува и локалните невладини организации што го напаѓаат проектот за рудник за бакар Иловица. Сите овие проекти моментално се во мирување. Крум Велков е автор на антизападни написи на заговор на веб-страниците на „Геополитика“ и на веб-страницата на „аналитичкиот центар“ Катехон, кој е раководен од Константин Малофеев, Сергеј Глазиев и генерал Решетников“, пишува Инсајдер.

Ова не е единствениот медиум кој ги поврзува дејствијата на активистите со обидот за руско влијание во економијата на земјава, особено преку рударството. Во текст на истражувачката мрежа Белингкет се наведува дека Велков не пишува само за геополитика и се насетува дека ги промовира руските економски интереси. Во сторијата се нагласува дека Велков и неговиот следбеник Ангел Наков водат кампањи против западни комерцијални проекти.

„Тој е и голем поддржувач на едно од здруженијата кое води кампања против концесиите за „Иловица – Штука“, кое го носи името „Здрава котлина“… Има и очигледни примери на пропаганда и јасни лаги. Како што е апокалиптичното тврдење дека проектот ќе ги уништи почвата, водата и воздухот, без оглед на еколошките стандарди што се обврзувачки за овој проект“, пишува во текстот објавен на Белингкет.

Најнови вести од Економија

To top