Нема полошо од приучен човек без „тапија“, а такви во Македонија има многу кои без око да им трепне застапуваат застрашувачки тези и прават ненадоместливи штети. Такви се и неколкумина самонаречени еко активисти од Струмичката Котлина кои немаат соодветно образование за тоа што го застапуваат и го бранат. Во случајов здрава животна средина – екологија, пишува во најновата колумна Виктор Грозданов, аналитичар и металуршки инженер. Луѓе со стручна наобразна и познавање од Фармација, Земјоделие, Машинство, Петрохемија, БиоХемија, Полимери, Металургија, Текстил, е логично да бидат екологисти и да дадат свој придонес на темата рударска индустрија, без разлика дали е критика или поддршка.
Но, ниту еден од нив кога знае дека Македонија поседува рудно богатство од минимум 20 милијарди евра и знае дека екслоатацијата со новите методи е сигурна по здравјето на луѓето и животната средина, не вели – мора да вложуваме во рудниците за да ја осигураме нашата економска иднина, пишува Грозданов
„Затоа има Еко активисти кои затрупуваат бунари со питка вода ископани на длабочина од 70 и 210 метри со оправдание дека така ја спасуваат планината во Струмичко. Таа вода во тој регион е наменета за народот да пие нормална, а не вода со каменчиња како што е во моментов. Затоа тука се ЕКО (РУ)СИЛНИЦИТЕ кои не само што немаат соодветно образование за да коментираат и да бидат рамноправен партнер на вакви теми туку користат закани од следниов тип: Нема да има рудник и точка, ќе се радикализираме па макар и погинале, ама и сакаат да ги навлечат здраворазумните со насилнички изјави за да ја направат дебатата беспредметна во очите на граѓаните и да ги фрлат во депресија и да им ги уништат нивните животи по секоја цена. ЕКО (РУ)СИЛНИЦИТЕ за да бидат сеуште актуелни имаат желба да го глумат „Ал Каеда“ а не им текнува дека со промоцијата насилство им се случуваат две работи. Покажуваат нервоза бидејќи плановите на нивниот налогодавач се прочитани и полека но сигурно ги напуштаат оние кои сега разбираат дека ги ставале во заблуда за лична корист, вели Грозданов.
Дека овие самопрогласени еко активисти стануваат нервозни, покажува и фактот што ги навредуваат сите оние кои даваат поддршка за рудниците. Во последниот случај тоа беа Александар Чомовски, долгогодишен и почитуван новинар, како и екс амбасадорот и професор Јован Донев. И двајцата имаат огромни познавања на состојбите во регионот и пошироко. Затоа на сите им станува јасно, констатира Грозданов дека целта на таканаречените еко активисти кои работат за одреден Центар на моќ, е да ја исцрпат и уништат на економски план Македонија. А намерата на оние кои и мислат добро на државата е да им објаснат на граѓаните дека паметните луѓе се будат и почнаа на глас да размислуваат, пишува Грозданов.
„Паметните луѓе велат: Рудното богатство кое е 20 милијарди евра (првично најдено) е на сите граѓани на Македонија кое заедно со металургијата се проценува да достигне до 70 милијарди евра, паметните луѓе му посакуваат на рудникот со отворен коп Неметали „Огражден“ да го зголеми производството од денешните 40.000 тони Фелдспат и Калцит на 80.000 тони годишно, паметните луѓе им велат на граѓаните дека рудниците со отворени копови не создаваат прашина која загадува во било кој регион (Радовиш-Конче или Струмичко-Валандовски) од едноставни причини: Во прашината е целиот метал и нема таков металург кој би ја пуштил во поле, а од друга страна тоа е возможно само ако низ овие региони помине ураган со силина на „Катрина“ која го уништи Њу Орлеанс и ако Струмица и Радовиш се пристаништа на Атлантски океан, пишува Грозданов.
Затоа, рудниците градат градови и оживуваат села и обновуваат пасишта и врз рударски окна и инвестираат во сточарството, како што е примерот со Велшкото Јагне кое е најскапо на менито во Велика Британија, завршува на крај Грозданов.