Економија ФЕД

ФЕД: Доаѓа време за намалување на каматните стапки, Американците да бидат трпеливи

Претседателот на Федералните резерви на САД Џером Пауел рече дека доаѓа време да се намалат каматните стапки, но побара од Американците малку повеќе трпение додека ФЕД се бори со инфлацијата.

– Американската економија е силна и Централната банка најверојатно ќе ги намали каматните стапки подоцна оваа година, рече Пауел, додавајќи дека, сепак, „не е веројатно“ тоа да се случи овој март, како што претходно очекуваше Вол Стрит, пренесува Си-Ен-Ен.

Во средата, минатата недела, ФЕД соопшти дека ги задржува каматните стапки во опсег од 5,25 до 5,5 отсто, а Пауел во таа прилика изјави дека намалувањето на каматните стапки во март е малку веројатно.

„Нашата самодоверба расте. Само сакаме малку повеќе доверба пред да го направиме тој многу важен чекор и да почнеме да ги намалуваме каматните стапки“, рече Пауел во емисијата што се емитуваше синоќа на каналот Си-Би-Ес.

Финансиските пазари сметаат дека веројатноста ФЕД да ги намали каматните стапки во март е 20 отсто, а веројатноста тоа да се случи во мај е 71,3 отсто. Следната одлука за каматните стапки ФЕД ќе ја донесе за седум недели

Најнови вести од Економија

To top