Економија БДП понатамошно забрза на 3.8%

Фајнанс Тинк: Растот во третиот квартал има солидна динамика

Динамиката на економијата од овој квартал се очекува да продолжи до крајот на 2025 година и во текот на 2026 година.

Фајнанс Тинк: Растот во третиот квартал има солидна динамика

Во третиот квартал од 2025, БДП понатамошно забрза на 3.8% на годишна основа. Остварувањето е во линија со нашите очекувања изразени во претходните Макроекономски монитори и со нашата проекција од 3.5% за целата 2025 година. Забрзувањето е најмногу водено од растот во бруто инвестициите (30.6%), што е одраз на инвестициските активности во приватниот сектор и на инфраструктурните инвестиции на државата и општините. Сепак, растот на бруто инвестициите е варијабилна компонента на растот на БДП и непоходно е да се следи неговото однесување во следниот период.По подолг временски период, растот на приватната потрошувачка спласна (0.9%), иако растот на доходите, и особено на платите (10%), продолжи, а кредитниот раст на домаќинствата забрза (10.8%). Извозот (3.4%) и увозот (9.9%) продолжија со внимателни растови како одраз на неизвесностите кај трговските партнери на европскиот континент и нацаринската политика на САД. На производната страна, растот во овој квартал е на релативно широка основа како и претходно, но јасно е воден од градежништвото (21%).

Невработеноста во третиот квартал од 2025не се промени, на 11.5%. Но, зголементата активација на населението (52.5% од 52.2%), придонесе вработеноста благо да се зголеми на 46.5% (од 46.2%). Растот на вработеноста е доминантно резултат на раст на неформалната вработеност, која продолжи да се зголемува и во овој квартал се искачи на 14.3%. Стапката на слободни работни места (2.02%) во овој квартал остана слична како и во претходните, што упатува дека недостигот од нискоквалификувани работници останува хроничен, а најпогоден сектор е угостителството и туризмот. Овие движења на пазарот на труд укажуваат на помала воздржаност од претходно, но сепак условите се влошени.

Во третиот квартал од 2025, инфлацијата повторно забрза на 4.4% на годишна основа (од 3.8%). Во овој квартал, упорната инфлација е главно сврзана со ефектите од порастот на доходите врз потрошувачката (раст на базичната инфлација од 5.2%). Овие ризици налагаат потреба од понатамошна претпазливост и од фискалната и од монетарната страна.

Динамиката на економијата од овој квартал се очекува да продолжи до крајот на 2025 година и во текот на 2026 година. Ризик за растот остануваат глобалните неизвесности, а на домашната сцена динамизираниот раст е неопходно да е придружен со консолидирана фискална политика. Finance Think останува на проекцијата за реален раст на БДП во 2025 од 3.5% дадена во декември 2024. Проекцијата за растот на БДП во 2026 година изнесува 3.8%, додека проекцијата за инфлацијата 2.7%

Најнови вести од Економија

To top