Економија берза

Европските берзи во минус четврти ден по ред, во Азија претпазливо тргување

На европските берзи во четвртокот во претпладневното тргување цените на акциите паднаа четврти ден по ред, откако на краот од минатата седмица достигнаа рекордни нивоа.

Европските берзи во минус четврти ден по ред, во Азија претпазливо тргување

На европските берзи во четвртокот во претпладневното тргување цените на акциите паднаа четврти ден по ред, откако на краот од минатата седмица достигнаа рекордни нивоа.

Индексот STOXX 600 на водечките европски акции беше во минус од 0,1 отсто во првиот дневен пресек од тргувањето, слабеејќи четврти ден по ред, откако во петокот првпат во историјата се проби над 525 поени. Истовремено, лондонскиот FTSE индекс зајакна за 0,05 отсто, на 8.270 поени, а франкфуртски DAX за 0,09 отсто, на 18.605 поени. Парискиот CAC, пак, ослабе за 0,17 отсто, на 7.488 поени.

Внимателно се тргува и на азиските берзи. MSCI индексот на азиско-пацифичките акции, без јапонските, во истиотпресек од тргуввањето како и во Европа, беше речиси непроменет во однос на вчерашниот ден. Во исто време, индексот Nikkei се лизна за 1,05 отсто на берзата во Токио, додека цените на акциите во Јужна Кореја и Хонгконг паднаа меѓу 0,2 и 0,4 отсто. Во Шангај и Австралија се зголемија меѓу 0,2 и 0,4 отсто.

Пазарите се обидуваат да се стабилизираат по остриот пад од претходниот ден, но инвеститорите се неизвесни, како вчера на Волстрит, кога индексот Dow Jones зајакна за 0,09 отсто, додека S&P 500 ослабе за 0,16, а индексот Nasdaq за 0,30 отсто.

По остриот пад во вторникот, вчера индексите се стабилизираа. Во шест од 11 најважни сектори на S&P 500 цените на акциите паднаа, а најмногу во енергетскиот сектор поради падот на цената на нафтата.

Технолошкиот сектор се стабилизираше. Откако еден ден пред цената на акцијата на „Nvidia“ потона речиси 10 отсто, вчера се лизна за уште 1,7 отсто. Акциите на „Microsoft“, „Alphabet“, „Apple“ и „Amazon“ паднаа меѓу 0,1 и 1,7 отсто. Цената на „Tesla“, пак, се зголеми за повеќе од 4 отсто.

Сите најнови податоци укажуваат дека растот на американската економија забавува, а пазарот на труд слабее. Освен тоа, инфлаторните притисоци постепено се намалуваат, па инвеститорите се убедени дека американската централна банка ќе почне да ги намалува каматните стапки во септември, по повеќегодишна рестриктивна монетарна политика.

Затоа, дури и изјавите на шефот на Fed дека навистина ќе следи намалување на каматните стапки, не влијаат значително на насоката на пазарот. Имено, тоа намалување на каматите одамна е вградено во пазарните цени.

Најнови вести од Економија

To top