Економија цени

Едни поскапуваат, други поевтинуваат, ова се новите цени на горивата од полноќ

Дизелот и eкстра лесното масло за домаќинството од ноќеска на полноќ поевтинуваат за 1 денар по литар, додека цената на бензинот од 98 октани се зголемува за половина денар по литар, а цената на бензинот од 95 октани останува иста, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ).

Со одлуката се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,1%, велат од РКЕ.

Новата малопродажна цена на „еуродизел“ ќе изнесува 76 денари за литар, а на маслото за домаќинство 75 денари. Бензинот „еуросупер – 98“, од полноќ се се продава за 87,5 денари за литар, додека цената на „еуросупер- 95“ и натаму ќе остане 85 денари за литар.

Со одлуката на РКЕ за 0,683 денари за килограм се зголемува и малопродажната цена на Мазутот М-1 НС и ќе изнесува 45,459 денари.

Теми на денот

To top