Министерот за економија и труд, Бесар Дурмиши, присуствуваше на централниот панел на Сараевскиот бизнис форум 2025, каде ја сподели својата визија за одржлив економски развој преку реформи, регионална соработка и инфраструктурно поврзување, информираат денеска од Министерството.
На овој меѓународен форум на високо ниво, министерот Дурмиши ги презентирал приоритетите на Владата на Северна Македонија за привлекување инвестиции и градење сигурна клима за домашните и странските бизниси.
Тој ја истакнал важноста на соработката во стратешките сектори како што се дигитализацијата, енергетиката и работната сила, како и посветеноста на градењето одржливи политики кои даваат резултати.
-Економскиот развој, создавањето работни места и зголемувањето на довербата на инвеститорите се приоритети кои бараат посветеност, стабилност и конкретно делување. Тоа го градиме секојдневно преку одржливи политики и регионална соработка, рече министерот.