Економија Министерство за економија и труд

Дурмиши: Новите закони носат удар врз сивата и силна поддршка на формалната економија

Министерот Дурмиши потсети дека Министерството и досега преземало мерки преку Оперативниот план за вработување, но анализите покажале дека дел од лицата и понатаму остануваат надвор од формалните текови.

Дурмиши: Новите закони носат удар врз сивата и силна поддршка на формалната економија

Формализацијата на сивата економија е една од највисоките стратешки определби на Владата и клучен сегмент од реформската агенда, бидејќи директно влијае врз економскиот раст, стабилноста на јавните финансии и заштитата на работниците, рече министерот за економија и труд, Бесар Дурмиши.

Тој посочи дека според податоците на Државниот завод за статистика, во 2024 година во земјава имало околу 694 илјади вработени, од кои приближно 85 илјади биле неформално ангажирани, што, како што нагласи, претставува сериозен предизвик кој бара системски, а не ад-хок решенија.

Министерот Дурмиши потсети дека Министерството и досега преземало мерки преку Оперативниот план за вработување, но анализите покажале дека дел од лицата и понатаму остануваат надвор од формалните текови.

„Токму затоа беше донесен Законот за работно ангажирање на лица, кој ќе започне да се применува од 1 јануари 2026 година и претставува суштинска реформа во начинот на повремено и сезонско ангажирање на работници“, рече тој.

Најнови вести од Економија

To top