Економија финансии

Дурмиши: Ќе разговараме со сите засегнати страни, ќе донесеме одлука за минималната плата

Пред денешната посета на занаетчиските дуќани во Старата Скопска Чаршија, министерот за економија и труд, Бесар Дурмиши рече дека ќе разговараат со сите засегнати страни и останува на ставот да се разговара за барањето на синдикатите за зголемување на минималната плата на 450 евра.

– Да ги слушнеме сите засегнати страна и ќе разговараме за тоа. Ќе донесеме одлука која што ќе ги задоволи сите засегнати страни. Јас им кажав и на синдикатите, стојам на страна на работниците, рече министерот.

Дополни дека имајќи ја предвид буџетската состојба на која наишле, интервенирале таму каде што било суштински.

ССМ имаше барање пред изборите во првите 100 дена на новата влада минималната плата да се покачи на 450 евра, нешто кое министерот го постави за приоритет во неговите првични изјави.

Најнови вести од Економија

To top