Економија

Доларот зајакна, цените на нафтата растат

На валутните пазари во петокот во раното претпладневно тргување вредноста на американскиот долар во однос на кошницата валути порасна, што го поставува на патот од остварување добивка шеста седмица по ред.

Индексот на доларот, кој ја искажува вредноста на американската во однос на другите шест најважни светски валути, утринава се движи околу 109,14 поени, додека вчера во овој момент изнесуваше 109,05 поени.

Курсот на доларот во однос на јапонската валута се зголеми од вчерашните 158,30 на 158,35 јени.

Американската валута зајакна и во однос на европската, па цената на еврото се лизна на 1,0295 долари, додека вчера во овој момент изнесуваше 1,0310 долари.

Цените на нафтата, пак, пораснаа втор ден по ред. Цената на барелот на лондонскиот пазар утринава порасна за 0,38 отсто, на 77,20 долари, додека на американскиот пазар цената на барелот порасна за 0,37 отсто, на 74,20 долари.

To top