Економија берза

Доларот зајакна, цените на нафтата благо паднаа

На девизните пазари вредноста на американскиот долар во однос на кошничката валути порасна, по извештајот за инфлацијата во САД.

Доларот зајакна, цените на нафтата благо паднаа

На девизните пазари вредноста на американскиот долар во однос на кошничката валути порасна, по извештајот за инфлацијата во САД.

Индексот на доларот, кој ја покажува вредноста на американската во однос на другите шест најважни светски валути, претпалднево се движи околу 104,95 поени, додека вчера во истиот период од тргувањето изнесуваше 104,14 поени.

Истовремено, курсот на доларот во однос на јапонската валута порасна од вчерашните 149,40 на 150,50 јени. Американската валута зајакна во однос на европската, па цената на еврото се лизна на 1,0715 долари, додека вчера во ова време изнесуваше 1,0770 долари.

Цените на нафтата, пак, благо паднаа. Цената на барелот на лондонскиот пазар претпладнево ослабе за 0,13 отсто, на 82,65 долари, додека на американскиот пазар цената на барелот се намали за 0,05 отсто, на 77,85 долари.

Најнови вести од Економија

To top