Економија економија

Доларот зајакна, цената на нафтата порасна

На валутните пазари во четвртокот во раното претпланевно тргување вредноста на американскиот долар во однос на кошницата валути порасна втор ден по ред.

Доларот зајакна, цената на нафтата порасна

На валутните пазари во четвртокот во раното претпланевно тргување вредноста на американскиот долар во однос на кошницата валути порасна втор ден по ред.

Индексот на доларот, кој ја искажува вредноста на американскиот долар во однос на другите шест најважни светски валути, утринава се движи околу 105,06 поени, блиску до највисокото ниво во последните четири месеци, додека вчера во исото време од тргувањето изнесуваше 104,85 поени.

Истовремено, курсот на доларот во однос на јапонската валута порасна од вчерашните 154,05 на 154,50 јени.

Американската валута зајакна во однос на европската, па цената на еврото се лизна на 1,0735 долари, додека вчера во истиот пресек од тргувањето изнесуваше 1,0760 долари.

Еврото е под притисок поради политичката неизвесност во Германија, откако вчера канцеларот Олаф Шолц го разреши министерот за финансии Кристијан Линднер, што доведе до колапс на владејачката коалиција.

Цените на нафтата, од друга страна, пораснаа. Цената на барелот на лондонскиот пазар утрово зајакна за 0,67 отсто, на 75,40 долари, додека на американскиот пазар цената на барелот порасна за 0,57 отсто, на 72,10 долари.

Најнови вести од Економија

To top