Економија берза

Доларот зајакна, цената на нафтата падна

На девизните пазари, се зголеми вредноста на доларот во однос на кошничката на валути.

Доларот зајакна, цената на нафтата падна

На девизните пазари, се зголеми вредноста на доларот во однос на кошничката на валути.

Индексот на доларот, кој ја покажува вредноста на американскиот долар во однос на другите шест најважни светски валути, утринава се движи околу 104,69 поени, додека вчера во овој момент изнесуваше 104,45 поени.

Истовремено, курсот на доларот во однос на јапонската валута порасна од вчерашните 155,80 на 156,40 јени.

И американската валута зајакна во однос на европската, па цената на еврото се лизна на 1,0860 долари, додека вчера во ова време беше 1,0875 долари.

Цените на нафтата, пак, паднаа. Цената на барелот на лондонскиот пазар утринава се лизна за 0,56 отсто, на 83,25 долари, додека на американскиот пазар барелот падна за 0,60 отсто, на 79,30 долари.

Најнови вести од Економија

To top