Економија берза

Доларот ослабе, раст на цените на нафтата

На девизните пазари на почетокот од тргувањето во понеелникот падна вредноста на американскиот долар во однос на кошничката валути.

Доларот ослабе, раст на цените на нафтата

На девизните пазари на почетокот од тргувањето во понеелникот падна вредноста на американскиот долар во однос на кошничката валути.

Индексот на доларот, кој ја искажува вредноста на американската во однос на другите шест најважни светски валути, утринава се движи околу 105,70 поени, додека во петокот вечерта на зтворањето на тргувањето изнесуваше 105,85 поени.

Истовремено, курсот на доларот во однос на јапонската валута порасна од 160,85 на 160,95 јени. Сепак, американската валута ослабе во однос на европската, па цената на еврото достигна 1,0735 долари, додека во петокот вечерта беше 1,0713 долари.

Еврото го поддржаа резултатите од парламентарните избори во Франција. Додуша, крајната десничарска партија Национален митинг (RN) на Марин Ле Пен победи во првиот круг од изборите во неделата, покажаа излезните анкети, но со помала разлика од прогнозите.

Цените на нафтата, пак, пораснаа откако минатата седмица стагнираше. Цената на барелот на лондонскиот пазар утрово поскапе за 0,36 отсто, на 85,30 долари, додека на американскиот пазар барелот поскапе за 0,37 отсто, на 81,85 долари.

To top