На њујоршки Волстрит се тргуваше претпазливо во средата, бидејќи инвеститорите не сакаа да ризикуваат по објавувањето на записникот од неодамнешниот состанок на челниците на американската централна банка, и пред објавувањето на кварталните деловни резултати на технолошкиот гигант „Nvidia“.
Индексот Dow Jones зајакна 0,13 отсто, на 38.612 поени, а S&P 500 порасна за исто толку, достигнувајќи 4.981 поени. Индексот Nasdaq ослабе, пак, за 0,32 отсто, на 15.580 индексни поени.
Најголемата светска берза беше претпазлива, бидејќи записниците од состанокот на американската централна банка (Federal Reserve – Fed) покажаа дека нејзините лидери се загрижени за ризиците од прерано намалување на каматните стапки и не беа сигурни колку долго каматните стапки треба да останат покачени.
Цените на акциите на Волстрит неодамна се зголемија бидејќи инвеститорите се надеваа дека Fed агресивно ќе ги намали каматните стапки оваа година, почнувајќи од состанокот во март. Но, веќе никој не го ни спомнува март, а по вчерашното објавување на записникот, на пазарот преовладува мислењето дека намалувањето на каматите најверојатно нема да се случи пред јуни.
Вчера и инвеститорите беа внимателни бидејќи ги чекаа деловните резултати на „Nvidia“. По затворањето на пазарот, производителот на чипови пријави подобри од очекуваните приходи и заработка во последниот квартал од минатата година, што доведе до зголемување на цената на акциите на „Nvidi“a за повеќе од 6 отсто во продолженото тргување и надоместување на сите загуби од претходните денови.
Бидејќи цените на акциите на неколку други производители на чипови, исто така, пораснаа, терминските S&P 500 и Nasdaq индекси претпладнево пораснаа меѓу 0,7 и 1 отсто, што значи дека на почетокот на тргувањето на Волстрит во четврток, овие индекси може да се зголемат.