Економија берза

Благ пад на Волстрит, инвеститорите претпазливи

На Волстрит во вторникот берзанските индекси пораснаа, со што надоместија дел од загубите од претходниот ден, но тргувањето беше претпазливо бидејќи надежите за намалување на каматните стапки во март целосно стивнаа.

Благ пад на Волстрит, инвеститорите претпазливи

На Волстрит во вторникот берзанските индекси пораснаа, со што надоместија дел од загубите од претходниот ден, но тргувањето беше претпазливо бидејќи надежите за намалување на каматните стапки во март целосно стивнаа.

Индексот Dow Jones зајакна 0,37 отсто, на 38.521 поени, додека S&P 500 порасна за 0,23 отсто, на 4.954 поени, а индексот Nasdaq за 0,07 отсто, на 15.609 поени.

Во текот на целиот период на тргување, индексите наизменично се менуваа меѓу позитивната и негативната територија, а дури кон крајот на тргувањето забележаа незначителен пораст.

Инвеститорите се претпазливи бидејќи шпекулациите за намалување на каматните стапки во март стивнаа откако претседателот на Fed, Џером Пауел во неделата изјави дека централната банка најверојатно ќе ги намали каматните стапки со многу побавно темпо отколку што очекува пазарот.

Вчера, инвеститорите се фокусираа на коментарите на уште неколку функционери на Fed и сите, секој на свој начин, го кажаа истото – инфлацијата сè уште е над целните нивоа на Fed, па затоа е рано да се намалат каматните стапки.

„Неколку претставници на Fed го потврдија она што Пауел го кажа во неделата и тоа изврши одреден притисок врз пазарот“, вели Питер Туз, претседател во компанијата „Chase Investment Counsel“.

Од друга страна, пазарот е поддржан со добри квартални деловни резултати на компаниите. Досега повеќе од половина од компаниите од индексот S&P 500 пријавиле за своето работење во последниот квартал од минатата година, при што околу 81 отсто од нив ги надминале очекувањата на аналитичарите во однос на заработката.

Затоа, сега се проценува дека во тој квартал заработката на компанијата е зголемена за 8,1 отсто, додека пред еден месец се очекуваше раст од 4,7 отсто.

To top