Економија македонија

Бизнисот со селидби во подем во Македонија

Бизнисот со селидби во подем во Македонија

Раздвижениот пазар со недвижности во Македонија придонесе за рапиден развој на уште еден бизнис во државата. Се работи за бизнисот со селидби/преселби, кој одамна функционира со полна пареа во западните земји, познат како доходовна гранка која, сепак, бара одредени предуслови и познавања. Селидбите честопати се поврзани со повеќе фактори, а главен стимул се зголемениот број станбени единици и изградба на истите, економската состојба и промените во традиционалното живеење во Македонија. Младите се почесто се решаваат да живеат одделно до своите родители, тука се новите брачни парови, пристапноста и подобри услови за станбен кредит, а  секако битна улога и бизнисот со издавање станови и недвижнини, кој  е исто така поврзан со оваа гранка.

Во сржта на бизнисот со селидби е добриот, уигран тим, добра координација, алатки за работа и превоз, и секако, елан и добра волја на инволвираните во оваа тимска работа.

По случаен избор стапивме во контакт со „ДС  преселби“ изворна македонска компанија која се занимава со оваа дејност и за која има убави зборови и силни пофалби од клиентите за извршените задачи по социјалните мрежи. Преку нивната страница на Фејсбук стапивме во контект со сопственикот Даниел Димоски, кому му поставивме неколку прашања околу начинот на кој функционира работата и бизнисот со селидби.

-Што е потребно за оваа работа?

Димоски: Оваа работа, пред се бара физичка спремност, добра проценка, односно добра организација и вештина. Се’ во зависност од потребата на преселбата. Кога сите потребни чекори ќе ги запазиме, поедноставно е и посигурно и ние како уигран тим во „ДС преселби“ ја извршуваме нашата работа.

-Колку временски трае преселба на еден просечен стан од 50-60 квадрати?

Димоски: На ова прашање конкретен одговор не можам да ви дадам, зависи од неколку фактори и зависи од барањето на клиентот што всушност е потребно да се пресели, растојанието односно од каде до каде треба да се пресели, спратот од каде што треба да се симне, односно качи тоа што се преселува, достапност на просторот и други разно разни фактори и ситуации, кои може да ја отежнат или олеснат преселбата.

-Од што зависи цената и како таа се движи?

Димоски: Како и предходното прашање, исто и ова, зависи од истите фактори-растојание, што точно се преселува, габаритност, достапност на просторот, катот, дали има лифт зградата од каде што симнуваме, односно качуваме итн. Но, со сигурност можам да кажам дека сме најефтини во оваа дејност.

Постоењето на вакви компании им овозможува на граѓаните големи олеснувања при селидбени зафати, ноќна мора и вистински кошмар од минатото, кога за да се преселите се ангажираше цело маало, заедно со роднините, па кој дошол – дошол, кој исчезнал исто. Да не ги заборавиме „ручеците“ кои следуваа (со денови), проблемите со несоодветите превозни средства, уништувањето на инвентарот и покуќнината кои беа неминовна, а за изгребаните и оштетени возила, модрици и трауми и да не зборуваме. На страна, што „помошта“ за селидбата се паметеше доживотно, „до гроба и назад“. И „солено“ се враќаше за истото 🙂

Сепак, овие времиња кои датираат од не така одамна, се минато, новите времиња си носат свои добри и лоши страни, а оваа е една од подобрите. Сега е полесно, дури и сами или како брачен пар да го преселите својот стан, дуќан, друг тип бизнис или куќа. Се’ што треба е да ја најдете вистинската компанија за селидба, велат граѓаните по социјалните мрежи.

To top