Економија нбрм

Ангеловска-Бежоска: Ако продолжат поволните трендови кај инфлацијата и на девизниот пазар, ќе има можност за пофлексибилна монетарна политика

„Движењата на инфлацијата и на девизниот пазар се поволни. Сепак, неизвесноста постои, а инфлацијата сѐ уште е над историскиот просек. Оттаму, поставеноста на монетарната политика на Народната банка, соодветно на монетарната политика на Европската централна банка, засега останува иста“, посочува гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска во изјава за „Блумберг Адрија“.

Таа истакнува дека идната поставеност на монетарната политика кај нас ќе зависи од инфлацијата, инфлациските очекувања и девизниот пазар, како и поставеноста монетарната политика на Европската централна банка, бидејќи ние спроведуваме стратегија на одржување стабилен девизен курс во однос на еврото. „Доколку се задржат тековните поволни трендови, а изостанат некои ризици, тоа ќе остави простор за водење пофлексибилна монетарна политика“, вели Ангеловска-Бежоска.

Коментирајќи ја монетарната политика којашто ја води Европската централна банка и очекувањата, гувернерката посочи дека ЕЦБ во три наврати досега ја задржа истата основна каматна стапка, но исто така продолжи со намалување на ликвидноста, што упатува на задржување на прудентниот карактер на монетарната политика. „ЕЦБ јасно соопшти дека нејзините одлуки ќе зависат од инфлацијата, особено од базичната и од јачината на монетарната трансмисија. Очекувањата на финансиските пазари се дека ЕЦБ би го направила првото намалување на каматите во вториот квартал годинава за околу 20 базични поени, или збирно за околу 140 базични поени во текот на целата година. Но, од друга страна, аналитичарите очекуваат побавна реакција од страна на ЕЦБ“, вели гувернерката.

Ангеловска-Бежоска заклучува дека централните банки носат одлуки засновани на податоци и информации коишто се променливи, оттаму будно се следат макроекономските и финансиските податоци, како фактори на поставеноста на монетарната политика.

Најнови вести од Економија

To top