Килијан Мбапе влегува во последните шест месеци од договорот со ПСЖ и Реал Мадрид ќе може да преговара со него.
Голема е веројатноста „кралскиот клуб“ конечно да го убеди да се пресели на Бернабе, но во ПСЖ повторно се оптимисти дека ќе се повтори 2022 година.
Причини за тоа има повеќе. Една од нив е состанокот одржан на 12 август кога Мбапе беше под суспензија затоа што не го продолжи договорот со клубот. По состанокот, Насел ал Келаифи беше видно расположен и многумина во тоа видоа надеж за продолжување на соработката.
Втора причина поради која постои оптимизам во ПСЖ е тоа што Мбапе приватно е среќен во Париз. Тоа не е клучна причина, но факт е дека 25-годишниот Французин е во средина во која е централна личност околу која се се врти. Пари во неговиот случај нема да бидат одлучувачки фактор бидејќи колку и да понуди Реал, ПСЖ може повеќе, но секако ќе решаваат можностите за освојување трофеи, особено на меѓународна сцена.