Сопственикот на Панатинаикос, Димитрис Јанакопулос планира да го задржи Кендрик Наан во Атина со огромен договор, но и дополнително да ја засили бековската линија со Василије Мициќ.
Мициќ има загарантиран договор со Шарлот до крајот на сезоната. Реално е франшизата од Северна Карлоина да не му понуди нов договор. Во тој случај би се зголемиле шансите да се пресели во грчката престолнина.
Сопственикот на „зелените“ би морал да ја покрие платата од околу четири милиони долари. Доколку се реализира ова сценарио, логично е Панатинаикос да се откаже од Лоренцо Браун. Натурализираниот Шпанец има плата од два милиони евра по сезона.
Василије Мициќ оваа сезона во најсилната лига на светот бележи просек од 7,1 поен, 2,3 скока и 3,6 асистенции, со 33 отсто успешност од поле.