Вести Уште еден скандал ја тресе Стоматолошката комора

Денковски без ингеренции се шета како “каубоец” во Шангај: Дали ги злоупотребува парите на стоматолозите?

Сите документи се собрани и предадени на надлежните институции, финансиската полиција, јавно обвинителството. Ќе има ли правда и одговорност од Денковски, за сомнежите за неговите злоупотреби!?

Денковски без ингеренции се шета како “каубоец” во Шангај: Дали ги злоупотребува парите на стоматолозите?

Уште еден скандал продолжува да ја тресе Стоматолошката комора на Македонија. Членови на Стоматолошка комора неодамна побараа оставка од претседателот на комората Маријан Денковски. Тие тогаш обвинија дека со неговите одлуки и политики, од ден на ден предизвикуваат се поголеми проблеми и незадоволство помеѓу стоматолозите.

Во демократско општество, изразувањето на мислењето и дијалогот на интелектуалците може да биде само најефикасен начин за доаѓање до вистински конструктивни решенија на проблемите.

– За жал, за претседателот на СКМ тоа е основ за поведување на дисциплински постапки, санкции и прогон на своите колеги. Доктор Маријан Денковски, против своите неистомисленици поведува дисциплински постапки пред Судот на честа, кој се занимава со се, освен со задачата што му е доделена со Законот за здравствена заштита, рече тогаш на прес-конференција доц.д-р Амела Цана, специјалист по ортодонција.

Дали Денковски ги злоупотребува парите на стоматолозите?

Новогодишен Giveaway – Зимзоленд

Прашањето кое го поставуваат загрижени стоматолози е дали Денковски продолжува да прима рекордна плата од 2.300 евра месечно, без воопшто да работи, во време кога Министерството за Здравство му ги одзеде овластувањата и нема право да издава лиценци на стоматолозите.

– Денковски не запира тука, тој продолжува да ги злоупотребува парите на стоматолозите. Во последните денови, заедно со некои од неговите соработници, тој продолжува да патува со парите на стоматолозите на конгрес во Шангај, Кина, трошејќи илјадници евра собрани од македонските стоматолози, се вели во реакција објавена на социјалните мрежи.

Документите (табелите) што се објавени јасно покажуваат дека во време на економска криза, Маријан Денковски, како претседател на Стоматолошката комора, само за 2024 година добивал годишна плата од 24.000 евра, додека оваа година за целата календарска година ќе добива приближно 28.000 евра.

Исто така, според објавата, документите зборуваат за вртоглавите трошоци што Денковски ги направил само за службени патувања во странство, и дека во текот на 2023 година направил 390.000 денари трошоци, додека во 2024 година потрошил 350.000 денари.

– Дали се овие постапки двојни аршини, патувања за мал круг блиски луѓе, а бркање од Комора и закани (како да е негова приватна сопственост) за луѓето кои не го подржуваат неговото раскрчмување на комората?, се вели во реакцијата.

Инаку, пред извесно време, министерството за здравство, ги одзеде овластувањата на Стоматолошката комора и на нејзиниот претседател Денковски за издавање и обновување на лиценции на стоматолозите поради сомневање за разни злоупотреби (доделување лиценци без исполнување на условите, купување и продажба на просториите на Комората, фаворизирање на некои фантомски здруженија, трошење финансиски средства без покритие, нелегални бонуси за вработените во администрацијата, злоупотреба на службената положба и др).

Сите документи се собрани и предадени на надлежните институции, финансиската полиција, јавно обвинителството. Ќе има ли правда и одговорност од Денковски, за сомнежите за неговите злоупотреби!?

Поврзани теми

Најнови вести од Вести

To top