Бујар Дардишта од ДУИ не успеа да биде како Артан Груби, уапсен е при обид за бегство на граничниот премин Долно Блаце.
Дардишта се обидел да избегне апсење, но бил лоциран и приведен на граничниот премин Долно Блаце.
Ноќеска и рано изутринава полицијата спроведе акција на повеќе локации низ државата, при што приведе повеќе од 10 лица.
Бујар Дардишта е кадар на ДУИ, кој во изминатите години извршувал повеќе раководни функции во државната администрација. Најпознат е по мандатот како директор на Управата за водење на матични книги, институција која беше во фокусот на јавноста поради сериозни забелешки за начинот на работење и издавањето документи без целосна евиденцијa .
Информацијата во изјава за медиумите ја потврди министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, кој присуствуваше на промоција на фотоволтаична централа поставена на Центарот за обука на МВР – донација на ОКТА.