Вести

Чави Пасквал официјално е нов тренер на Веспрем

Чави Пасквал официјално е нов тренер на Веспрем

Денешната вест е само официјализација на овој голем тренерски трансфер, а фактот дека потпиша договор на четири години само покажува дека Веспрем планира долгорочен проект со Шпанецот на клупата.

Пасквал најголемите успеси во тренерската кариера ги имаше со Барселона, тим со кој од 2009 до 2021 година освои три трофеи во Лигата на Шампионите, пет во Супер-глоуб и 11 титули во шпанското првенство.

„За мене е голема чест што имам можност да го водам Веспрем во наредните сезони. Секој вљубеник во ракометот знае дека ВЕспрем е еден од најголемите клубови во светот, јас сум свесен што значи да сум тренер на оваа екипа, функција што носи огромна одговорност и очекувања. Сакам да се заблагодарам на челниците на Динамо Букурешт за досегашната соработка, а на Веспрем – за довербата што ми ја укажаа“, изјави новиот тренер на унгарскиот ракометен гигант.

Најнови вести од Вести

To top