Вести

Атентаторот не се согласувал со владината политика на Фицо

На снимка од сослушувањето, овјавена на социјалната мрежа Х, човекот кој пукаше во словачкиот премиер, Роберт Фицо, словачкиот писател Јурај Цинтула вели дека тоа го направил затоа што не се согласувал со политиката на владата.

Словачките медиуми денеска објавија дека атентаторот е 71-годишниот познат писател Јурај Чунтила. Цинтула е основач на литературниот клуб Духа и член на Друштвото на словачки писатели. Скај њуз објави дека тој бил поранешен чувар во трговскиот центар.

Aktuality.sk ја пренесува изјавата на синот на атентаторот, кој тврди дека неговиот татко имал дозвола за оружје.

-Апсолутно немам поим што сакал, планирал, што се случило со татко ми, изјави неговиот син.

Фицо е ранет со неколку истрели во градите и стомакот, откако во местото Хандлова, на 150 километри од Братислава, заврши владината седница. Атентатот се случи кога Фицо отиде да се поздрави со насобраните граѓани на плоштадот во местото.

Според информациите, премиерот на Словачка бил застрелан со неколку истрели во градите и стомакот. Тој итно со хеликоптер е пренесен во болницата, но неговата состојба е многу сериозна. Словачката влада вечерва соопшти дека Фицо е во животно загрозувачка состојба.

Министерот за одбрана, Роберт Калинак, вечерва изјави дека операцијата на Фицо трае веќе три часа и дека ситуацијата е критична.

To top