Прифаќање на условите за користење на kurir.mk
Издавач на порталот Курир е ЕМ МЕДИА ДОО. Со пристапот на интернет страницата kurir.mk ги прифаќате и се обврзувате да ги почитувате Условите за користење на содржините од интернет страницата kurir.mk. ЕМ МЕДИА го задржува правото без најава да ги изменува и дополнува овие услови. Секоја промена или дополнување на Условите за користење се применува од денот на објавувањето.
Право на користење
Посетителите на интернет страницата kurir.mk имаат право на увид во сите објавени содржини со помош на своите интернет пребарувачи само за лично информирање.
Посетителите на интернет страницата kurir.mk немаат право на никаков начин да ги преземаат содржините, целосно или делумно, и да ги отстапуваат на трети лица, да ги складираат во електронска или каква и да е друга форма, ниту јавно да ги објавуваат или да ги користат за комерцијални цели, без изрична писмена согласност од ЕМ МЕДИА.
Секое преземање на содржините на kurir.mk, односно нивно користење, без писмена согласност од страна на ЕМ МЕДИА, е недозволиво и се наплаќа. Цените за преземање на содржините на kurir.mk изнесуваат:
- 15.000,00 денари +ДДВ за текст, артикл, статија;
- 15.000,00 денари +ДДВ за видео;
- 6.000,00 денари +ДДВ за фотографија.
Со самото објавување/преземање, оној што неовластено ќе ја објави содржината се согласува со овие услови и се согласува, покрај граѓанска одговорност за стореното дејство, да му се изврши наплата на преземената содржина согласно горенаведениот ценовник.
Заштита на приватноста и тајност на податоците
Интернет страницата kurir.mk ја почитува приватноста на своите посетители. Податоците на посетителите не се дотапни за трети лица, освен во случаи поинаку пропишани со закон.