Машкиот ракометен шампион Е. Пелистер соопшти дека со почетокот на 2024 година улогата на извршен директор во клубот ќе ја извршува нашиот прославен спортски работник, Звонко Шундовски.
Во својата кариера Шундовски во повеќе етапи бил дел од успесите на Пелистер и како ракометар, и како тренер, а минатата сезона и како стручен тим менаџер.
„Неговото искуство ќе биде од големо значење и во новата улога, во која ќе биде спој меѓу клупските структури, стручниот штаб и ракометарите“, се вели во клупското известување.