Ракомет

Зорман: Судиите не оштетија против Данска

Зорман: Судиите не оштетија против Данска

Селекторот на машкат ракометна репрезентација на Словенија, Урош Зорман е бесен на судиите по поразот од Данска во полуфиналето од ОИ.

Во последниот напад на Словенците кој беше напад за израмнување, на општо изненадување судиите не досудија пенал и покрај тоа што ракометарот на Данска газеше во голманскиот простор.

Судиите гледаа и видео, но сметаа дека нема пенал. Ситуацијата крена лавина реакции, а по мечот реагираше и селекторот Зорман.

„Судењето во текот на целиот натпревар не беше на ниво на полуфинале, ниту на ниво на Олимписки игри. Судиите се свиреа за Данците, па дури и малите одлуки, сите спорни топки одеа на нивна страна. Не сакам да зборувам многу за судиите, но тоа е факт. Зашто ракометот не е глобален спорт, затоа што има премногу слободно толкување на судиите, што е фаул, колку трае нападот, што е седмерец.“, рече Зорман по мечот.

 

To top