Искусниот голман Златко Даскалоски е второ засилување за составот на Пролет за натпреварувачката сезона 2024/2025.
Поранешниот македонски репрезентативец ја прифати понудата на Пролет и потпиша двегодишен договор според кој ќе има уште една дополнителна обврска и ќе помага во развојот на голманите во младинската школа.
Само за потсетување претходно Пролет го обезбеди потписот на младиот пивот Стефан Стојчевиќ.