Ракометарките на Куманово успеаја да слават со 32-31 против шампионот на Литванија, Каскада Гарлијава, но оваа победа нема да има натамошно значење бидејќи гостите имаа предност од седум голови од првиот натпревар и со тоа обезбедија пласман во следната рунда од Европскиот Куп на ЕХФ.
Прво име кај стрелците кај Куманово беше Мителштад со 11 гола, ја следеше Силва Азеведо со десет гола, а Росана Павлова погоди три пати. Кај Каскада, Устилаите погоди вкупно единаесет пати.
Македонија во ова натпреварување ќе продолжи со шампионот Ѓорче Петров, а исто така понатаму се очекува да оди и тимот на Металург Автокоманда кој чека реванш со Диферданж во Скопје, меѓутоа првиот дуел го доби со 15 гола разлика.