Ракомет

ЖРК Ѓорче Петров убедливо поразени во Лигата на Европа

ЖРК Ѓорче Петров убедливо поразени во Лигата на Европа

Актуелниот женски ракометен македонски шампион, Ѓорче Петров претрпе убедлив пораз од Х 65 Хорс во рамките на Лигата на Европа со 29:21 и ќе имаат тешка задача на реваншот во Скопје да се пласираат во следната фаза на ова натпреварување.

Домашните ракометарки беа на повисоко ниво во двете полувремиња на двете страни на теренот, офанзивно и дафанзивно. Есма Муратовиќ со осум погодоци беше најефикасен играч кај нашиот претставник.

Реваншот е закажан за 13 октомври во СЦ „Јане Сандански“

To top