Ракометарките на Ѓорче Петров го загубија и вториот меч против Елче во рамките на четвртфиналето на Европскиот Куп на ЕХФ.
Минатата седмица македонскиот шампион беше надигран во Шпанија со 36-21, додека пак резултатот гласеше 37:18.
Шпанскиот тим покажа и потврди дека е на друго ниво во однос на избраничките на Симовски, па така првиот дел го реализираше со 16-10 за да по одморот дополнително експлодира и со 21-8 ја заокружи убедливата претстава и пласманот во наредната фаза.
Ризоска со 4 гола беше прв стрелец кај Ѓорче Петров, додека Гаско Аранз ја предводеше листата кај победникот со 10 реализации.