Ракометарките на ЖРК Ѓорче Петров и официјално го добија шампионскиот трофеј за сезоната 2023/24 како најуспешна екипа во Женската сениорска ракометна лига.
Титулата беше освоена уште во претпоследното коло, но трофејот им беше врачен веднаш по одигрувањето на последниот натпревар од сезоната, каде ѓорчепетровки славеа над Астибо и само го потврдија освојувањето на дуплата круна.
Овој тим ја одбрани шампионската титула освоена минатата сезона и успеаја повторно да се искачат на врвот во македонскиот ракомет, а за успехот се заслужни сите ракометарки, како и стручниот штаб на чело со тренерот Симе Симовски.
ЖРК Ѓорче Петров ќе ја претставува Македонија во евро-куповите следната сезона.