Ракомет

ЖРК Чаир вторпат загуби од Ајдовшчина за крај на европските настапи

ЖРК Чаир вторпат загуби од Ајдовшчина за крај на европските настапи

Ракометарките на Чаир загубија и во вториот натпревар од двомечот против Ајдовшчина (27-33) во рамките на првото коло на Европскиот куп на ЕХФ за дами.

Македонскиот претставник го заврши настапот во натпреварувањето откако двапати загуби од словенечкиот ривал. На гостувањето Чаир загуби со три разлика, ама дома претрпе повисок пораз.

Чаирчанки поведоа двапати на почетокот, а потоа ривалот се наметна. Водеше словенечкиот тим со еден и два гола разлика, па на пауза се замина со 12-14. Во продолжението македонскиот претставник парираше на стартот, пак поведе еднаш и потоа следуваше пад. Ајдовшчина го искористи тоа и изгради високо водство, најмногу водеше со седум гола, а на крајот слави со 27-33.

Во таборот на Чаир најдобра беше Тахани Амар со девет гола, додека кај гостинките се истакна Ивона Барукчиќ со 13.

To top