Женскиот ракометен клуб на Чаир триумфираше во првиот натпревар во второто коло од Европскиот куп на гостувањето во Луксембург против Керженг со 26:24.
Лошо почна македонскиот претставник со негатива од 5:1, но постепено во понатамошниот период од првото полувреме ракометарките на тренерот Басри Љатифи ја топеа предноста на противникот кој на паузата имаше само „плус два“ (13:11).
Во второто полувреме ЖРК Чаир прави целосен пресврт, со серија од 4:0 дојде до позитива од 15:13.
Се врати противникот на нерешени 15:15, се играше гол за гол, двата тима се менуваа во водство, Керженг повторно беше во позитива откако на семафорот стоеше 24:22.
Кога беше најпотребно ЖРК Чаир направи нова низа погодоци од 4:0 за на крајот да дојде до победа и конечми 26:24.
Во триумфот најефикасна беше Теодора Дукоска со девет голови, а шест запиша Стефанија Ѓорѓиевска.
Реваншот за пласман во третата рунда од натпреварувањето ќе игреа во салата Автокоманда на 13 октомври со почеток од 19.00 часот.