Екипата на ЖРК Чаир обезбеди пласман во големото финале на Купот на Македонија и тоа откако излезе како победник од пресметката со ЖРК Вардар со 32:28.
Интересна беше битката во СЦ „Борис Трајковски“, пресметка во која избраничките на Љатифи покажаа повеќе и изборија место во борбата за пехарот каде за противникот ќе го имаат составот на Ѓорче Петров кој вчера го совлада Куманово со 31:14.
Рахмани со осум погодоци беше предводник во победничката екипа, Василева имаше седум голови кај вардарки.
Финалниот натпревар е закажан за недела во 16:00 часот.