Ракомет

ЖРК Чаир преку Керженг до третото коло на Европскиот Куп

ЖРК Чаир преку Керженг до третото коло на Европскиот Куп

Македонскиот женски ракомет остана со само еден претставник во евро-куповите и тоа во името на тимот на ЖРК Чаир.

Чаирчанки се пласираа во третото коло на Европскиот Куп откако ја совладаа екипата на Керженг, сега поубедливо отколку на првиот натпревар минатата недела.

Откако во гости славеа со 26-28, ракометарките на ЖРК Чаир пред своите гледачи триумфираа до 32-26.

Гулицоска со осум гола беше најефикасни во македонскиот тим, а Митровиќ и Којовиќ заедно одбранија петнаесет топки.

ЖРК Чаир во вторник претпладне ќе го дознае својот противник за третото коло.

To top