Македонскиот ракометен суперлигаш постигна договор со Сабрина Фиоре од Парагвај, прва ракометарка од оваа земја која заиграла кај нас.
Се работи за 29-годишна ракометарка која своите почетоци ги имаше во клубот Сан Хозе од Парагвај, потоа настапуваше за бразилските екипи Кариацикенсе и ААУ, а кариерата ја продолжи во Ла Калзада и Балонмано Т-Маравиља.
Ракометарката која е пивот има остварено настапи и за репрезентацијата на Парагвај, на Светското првенство 2017 каде беше меѓу најдобрите десет стрелци, потоа на Панамериканските игри истата година каде заврши како најдобар стрелец, како и на СП 2021 во Шпанија.