Екипата на Ѓорче Петров запиша новата победа, совладувајќи го Вардар со убедливи 35:26, иако гостинките дадоа силен отпор во првото полувреме. Натпреварот започна одлично за Ѓорче, кој поведе со 3:0 и постепено ја зголемуваше предноста, па во 10-тата минута резултатот беше 7:3.
Вардарки не се предаваа и со цврста игра во одбраната успеаја да израмнат на 9:9 во 20-тата минута. Сепак, домаќинките веднаш одговорија со серија од три гола и повторно ја презедоа контролата, заминувајќи на одмор со предност од 15:11.
Во вториот дел Ѓорче целосно го контролираше темпото и не дозволи изненадување.
Вардар се обидуваше да остане во игра, но домаќинките беа поорганизирани и поефикасни. Во 52-та минута Ѓорче веќе имаше сигурна предност од 29:23, а до крајот само ја потврдија победата.