Женскиот ракометен клуб Чаир ќе се натпреварува во осминафиналето на Европскиот куп на ЕХФ.
Ова е историско достигнување за скопскиот претставник во натпреварувањето, откако досега мина две рунди.
Чаирчанки добија чешки противник во фазата на шеснаесет најдобри екипи. ЖРК Чаир ќе се судри со екипата на Славија Прага и првиот натпревар ќе го игра како гостин.
Првите натпревари се на програмата на 11 или 12 јануари, а тогаш Чаир треба да гостува во Прага. Реваншот во Скопје ќе се одигра на 18 или 19 јануари.