Ракомет

ЖРК Будуќност ќе се откаже од Лигата на Шампионите?

ЖРК Будуќност ќе се откаже од Лигата на Шампионите?

Според информациите на „Побједа“, црногорскиот женски ракометен тим Будуќност нема да игра во новата сезона од Лигата на шампионите.

Европската куќа на ракометот веќе ги објави листите за другите европски купови, па оние екипи што не добија место во ЛШ, ќе бидат во Лигата на Европа.

Според црногорскиот медиум,500.000 евра колку што има црногорскиот тим не е ниту третина од потребниот буџет за настап претстојната сезона. Затоа многу веројатно дека раководоството ќе им даде одврзани раце на сите ракометарки од сениорскиот погон во потрагата по нова средина.

To top