Ракомет

“Жолтиот Куп” во Швајцарија последен тест за Македонија пред ЕП 2026

“Жолтиот Куп” во Швајцарија последен тест за Македонија пред ЕП 2026

Македонската ракометна репрезентација ја доби агендата за последната проверка пред Европското првенство: од 8 до 10 јануари ќе настапи на традиционалниот „Жолтиот куп“ во Винтертур, Швајцарија, каде за три дена ќе одигра три натпревари.

Турнирот се игра во AXA Arena и е замислен како финален тест за домаќинот Швајцарија, но и за селекциите што веќе го имаат обезбедено настапот на ЕП 2026.

Македонија ќе се сретне со Бахреин, Украина и меч со Швајцарија.

Распоредот на Македонија почнува во четврток, 8 јануари, кога од 20:30 часот игра против Бахреин.

Веќе следниот ден, во петок, 9 јануари, во 17:45 часот, противник е Украина. Турнирот за „црвено-жолтите“ завршува во сабота, 10 јануари, со дуел против Швајцарија од 18:00 часот, што воедно ќе биде и последниот натпревар на целиот настан, по кој следи доделувањето на трофејот.

Европското првенство во Скандинавија стартува на 15 јануари и ќе трае до 1 февруари.

To top