Следното собрание на Ракометната федерација на Македонија (РФМ) ќе се одржи меѓу 15 февруари и 1 март 2025 година, а сегашниот претседаелот Живко Мукаетов потврди дека нема да биде кандидат на следното собрание.
Мукаетов на функцијата прв човек на македонскиот ракомет го замени Михајло Михајловски. Од 9 март 2013 година првиот човек на компанијата Алкалоид е на чело на федерацијата и под негово водство македонскиот ракомет доживеа голем прогрес.