Со натпреварот меѓу Охрид и Прилеп одигран вчера во СЦ „Билјанини извори“ продолжи вториот дел од шампионатот во машката ракометната Супер лига.
Дуелот меѓу Охрид и Прилеп е првиот од 19.коло, а победа оствари фаворитот и домаќин Охрид со 28:17.
Почетокот на натпреварот беше во знак на гостите кои поведоа со 3:1, но на полувреме охриѓани имаа водство од 14:11.
Во вториот дел Охрид стигна и до двоцифрена предност во финишот на дуелот. Репрезентативецот Гоце Ојлески со 8 голови беше најефикасен на дуелот.
Во петок од оваа рунда се игра дуелот Вардар – МРК Куманово, а другите четири натпревари се на програмата в сабота: Струга – Бутел, Еурофарм Пелистер – Еурофарм Пелистер 2, Тиквеш – Радовиш и Алкалоид – Пролет.
Охрид со новата победа со 31 бод се проби на второто место на табелата, додека Вардар е лидер со 34.