Ракометниот македонски шампион Еурофарм Пелистер, на „крилата“ на Никола Митревски, извојува голема победа во Лигата на шампионите, прва во овој формат во елитното натпреварување.
Во Данска совладана беше екипата на Фредериција со 23-25, а по натпреварот следуваше големо славје на теренот, кое продолжи и во соблекувалната. Таму, пелистерци направија победничко селфи и испратија порака – „За нас, за Битола, за Македонија“.