Ракомет

За Фарските Острови навива 10 проценти од населението

За Фарските Острови навива 10 проценти од населението

Фарските Острови, дебитантот на Европското првенство (ЕП) во ракомет, беше многу блиску до првата сензација на шампионатот. Словенија која важеше за фаворит, триумфира со 32:29 (13:13), но до победата дојде многу потешко од очекувањата.

Најефикасен кај Фареските Острови беше најдобриот, Елиас Елефсен со девет гола.

Фарските Острови дадоа голем отпор и ги освоија срцата на ракометната публика ширум светот. Тие имаа неверојатна поддршка од трибините  во арената „Мерцедес бенц“ во Берлин во која половината од 11.625-те гледачи беа од Фарските Острови!

Во арената во Берлин имаше речиси 10 проценти од вкупното население на Фарските Острови (52.000 жители!) лоцирани меѓу Шкотска и Исланд, кои дојдоа во Германија за да им дадат  поддршка на своите ракометари.

Во последните години ракометот доживеа голема експанзија на Фарските Острови. Повеќето ракометари играат во силни европски лиги, а јуниорите изборија пласман во четвртфиналето на ЕП.

Поврзани теми

To top