Ракомет

Втор пораз за Тиквеш на Струшкиот ракометен турнир

Втор пораз за Тиквеш на Струшкиот ракометен турнир

Екипата на Тиквеш го загуби и вториот меч на Меѓународниот ракометен турнир во Струга, откако синоќа во неизвесен натпревар подобар беше тимот на Ексилтуна Гуиф со 32 : 30 (15:15).

Двата тима во текот на натпреварот се менуваа во водството, но швеѓаните беа подобри во последните минути од мечот и заслужено славеа со два гола предност.

Најдобри стрелци на натпреварот беа Кристијан Анастасовски од Тиквеш и Оле Остерхол од Ексилтуна Гуиф со по седум погодоци.

Шведскиот тим денеска во директен дуел со македонскиот вицешампион Вардар ќе решаваат за првиот финалист на овогодинашниот Струшки ракометен турнир. Вечерва во директен дуел за финалето ќе играат и македонскиот шампион Еурофарм Пелистер против грчки ПАОК.

Тиквеш пак првата победа на турнирот ќе ја бара во саботниот меч за петтото место против домаќинот Струга.

To top