Ракомет

Влатко Тасевски е назначен за нов генерален секретар на РФМ

Влатко Тасевски е назначен за нов генерален секретар на РФМ

Влатко Тасевски е назначен за нов генерален секретар на Ракометната федерација на Македонија (РФМ) со едногласна одлука на Управниот одбор.

Поранешната македонска репрезентативка Индира Кастратовиќ е назначена за спортски координатор за женските селекции, додека во улога на советник на претседателот на РФМ за женските селекции ќе биде поранешниот селектор Гино Стрезовски, а Драган Начевски за советник за машките селекции.

Управниот одбор на РФМ, како што е соопштено, на својата последна седница, воедно назначи и нови членови на комисиските тела.

To top